Меѓународната федерација на новинари бара итно ослободување на Зоран Божиновски

0
929

Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на македонскиот новинар Зоран Божиновски.

Во писмо упатено до македонскиот претседател и јавен обвинител, генералниот секретар и претседателот на федерацијата, го осудиле неговото апсење и притворање.

„Апсење новинар за криминални активности без докази е неприфатливо во слободни и демократски земји, таквите обвинувања придонесуваат за дискредитација на новинарите како предавници и криминалци и ја уништуваат довербата на јавноста во нив. Божиновски објави многу стории со факти за вклученост на функционери во криминални активности. Веруваме дека единствената причина за неговото апсење е за да биде спречен да објавува нови текстови“, стои во писмото од Меѓународната федерација на новинари.