МЕЧКАТА ОД ПЕШТЕРАТА НА ЛАТАС ЌЕ ОДИ ВО ЌОРКА ЗА ЗАТАЕН ДАНОК ОД ПРЕКУ 31.000 ЕВРА!!!

0
2497

На 19 февруари, Талевска беше осудена на две години условна затворска казна за даночно затајување. – Ивона Талевска пред Основниот суд Скопје 1. (Фото: М. Златевска)

Специјалното обвинителство денеска поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје со која бара преквалификација на условната во затворска казна за новинарката и бизнисменка Ивона Талевска за даночно затајување.

Освен тоа, СЈО поднело жалба и против споредните парични казни изречени против Талевска како физичко лице и против нејзините две фирми „Смарт центар“ и „Смарт“, за кои давала лажни податоци и така го криела данокот кон УЈП. Таа на државата ѝ затаила над 16.000 евра, а нејзините фирми над 31 илјада евра.

На 19 февруари, Талевска беше осудена на две години условна затворска казна за даночно затајување во предметот на СЈО „Тифани“, откако претходно на судењето во Основниот суд Скопје 1 призна вина.

Според пресудата, таа треба да плати 1.671.611 денари за персонален данок на доход кој не го плаќала, 1.145.900 денари даночни обврски од фирмата „Смарт центар“ ДООЕЛ која сега е во стечај, а фирмата „Смарт груп“ која е во сопственост на Талеска треба да плати 1.038.698 денари. Данокот таа го затајувала од 2008 до 2014 година. Талевска има рок од една година да го плати данокот.

ИЗВОР: СДК.МК