МЕРКЕЛ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА : ДЕНЕС МЕРКЕЛ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВ , УТРЕ СО ЦИПРАС!!!

0
1423

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Иако во најавата од владината прес служба не се објаснува детално за поводот на средбата, дел од аналитичарите коментираат дека Германија притиска на решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција. Особено што вчера германската канцеларка телефонски разговарала со грчкиот премиер Ципрас токму за ова.

  • Според Љупчо Петковски од „Евротинк“ вклучувањето на Меркел е јасен сигнал за меѓународно посредништво во разговорите, но позициите на двете страни, според негови проценки се и натаму длабоко спротиставени.

-Посетата на Заев на Берлин, како и телефонскиот разговор на Ципрас со Меркел и најавената нивна средба во наредните неколку денови, се јасен сигнал дека постои силна меѓународна иницијатива чија цел е да резултира со решение на спорот. Не смее да се заборави дека позициите на странките се длабоко асиметрични, и дека главниот притисок е на македонската страна. Исто така, станува збор за иницијатива која се одвива по утврдена динамика, затоа што средбите се закажани од поодамна, вели Петковски.

Според него, целиот процес на преговори на крајот ќе се сведе на игра на нерви – ако сакаат договор и двете страни ќе мора да направат отстапки.

Повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на следниот линк ОВДЕ