Меркел : Многу ми е жал што не можевме да постигнеме договор за пристапни преговори за С. Македонија и Албанија

0
2265

Германската канцеларка Ангела Меркел даде изјава за новинарите во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Меркел вели дека сметала дека е подобро да се третираат кандидатурите за членство на Северна Македонија и Албанија заедно, наместо да се дадат пристапни преговори само на Скопје.

Германската канцеларка го наведе фактот дека значителен број етнички Албанци живеат во Северна Македонија, како една од причините за нејзината одлука. Таа, исто така, тврди дека Албанија презела големи реформи, како што е ветингот на судиите, што не треба да се занемарува.