МЕПСО И ОФИЦИЈАЛНО СТАНУВА БОРДЕЛ : Советничката во Центар, Елена Петковска од ДПМНЕ со Педагошки факултет станува нов координатор за правни работи во МЕПСО со плата од 42.000 денари

0
6103

Еве како во Македонија педагог може да стане шеф на правна служба во МЕПСО!

Советничката во Центар, Елена Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која седна на советничкото столче пред две години наместо Даниела Рангелова, која стана пратеничка во македонското Собрание од денеска е на ново работно место како координатор на директорот за правни работи во електроенергетскиот систем во државна сопственост -АД МЕПСО.

Според огласот, кој бил активен до 16 август, 2016 година, работниот однос се заснова на неопределено време и потребно е кандидатите да имаат работно искуство од две години, а за ова работно место платата изнесува 41.900 денари. Во огласот, исто така има објаснето колку работни часови има неделно и во колку саат и завршува работното време

oglas

Советничката од ДПМНЕ работеше и како наставничка во основното училиште „11 Октомври“ во Центар, а беше поранешна водителка во телевизијата на Бојо Андрески, АБ канал, која повеќе не постои. По две години, откако го доби советничкото место таа напредува на повисока функција како координатор за правни работи во МЕПСО. Петковска има завршено Педагошки факултет, како и постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.elena-petkovska-363041

Повеќе за ова на Фокус.мк