МЕГА СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ – Иџет Мемети: УБК и Јавното обвинителство ме спречуваа да го истражувам прислушувањето

0
1333

memeti

УБК и Јавното обвинителство биле главната пречка поради која Народниот правобранител не можел да го истражува прислушувањето.

Во изјавата за 24 Вести тој објаснува дека барал да му бидат доставени бараните податоци повикувајќи се на законот за Народен правобранител, според кој, сите органи се должни да соработуваат со правобранителот и да му обезбедат и документи со највисок степен на класификација „државна тајна“.

Одговорот кој го добил од Обвинителството било дека нема да му бидат доставени бараните информации, бидејќи се сметаат за тајни, односно дека давањето на вакви информации би претставувало посредно откривање на мерки и активности кои по својата природа се тајни и би се довела во прашање нивната успешна примена.