МЕГА СКАНДАЛ: МВР и ДБК направиле упад во станот на генерал Ангелов додека биле отсутни од дома!

0
1469

10868117_931894523501875_3781036516878003349_n

ПРИБЕРИ СИ ГИ ТАЈНИТЕ АГЕНТИ ПОДАЛЕКУ ОД МОИТЕ ДЕЦА!

Нелигитимна министерке! Немаш ниту образ, ниту совест, ниту човечност во себе. Слушнав, си ги сакала децата. Да, можеби ги сакаш двете деца на брат ти, Марко и Меги. Но, помисли на нив додека ги плашиш туѓите деца! И престани да ги вознемируваш нашите деца. Да те потсетам, имаме три малолетни деца. Доволно се вознемирени после се што ни се случува со години наназад. Вашите аматери не знаат кога некое од децата ќе налета на нив. Немој да се случи децата да ги сретнат во нашиот дом. Ќе зажалите. Ќе зажалиш и ти и твоите извршители. Со секое ваше влегување во нашиот дом, ризикот да налетате на некого е преголем.

Затоа, нелигитимна министерке ти порачувам! Собери си ги тајните агенти што ни упаѓаат дома, што ни висат под прозорец, што ни парадираат со затемнети голфови и џипови. Собери си ги куририте со вестите за апсења и закани по живот.

Не заборавај дека имаш работа со врвни експерти од кривично-правен аспект но и перфекционисти. Сѐ забележуваме. Многу добро знаеме, што сте чепнале, што сте преместиле или што ќе оставите. А особено ме нервираат кога ми чепкаат по библиотеката, па ми оставаат шифри по кориците на книгите. Да не заборавам, некој од твоите и пенкалото си го заборавил!

Нелигитимна министерке, зарем малку ти беа сите „местенки“ што сакаше да ги сместиш на мојот сопруг, генералот Ангелов. Засрами се веќе еднаш, што сѐ не пробавте! Од разни понуди за донации и парична помош на измислени фирми, мини фабрики за пакувања на тегли со компоти, измислени плантажи со киви и јапонски јаболки, земјоделски аптеки, патриоти со наводно добиена американска лотарија, патриотска помош од Франција… И какви сѐ не активности. Како од политичките трилери, во кои без срам вклучивте и неколку поранешни колеги, кои на крај и сами паднаа во вашите “дупки“.

Досега, со огромните „донации“ можеше тајните агенти да ги испратиш на врвна обука во британската МИ 5 или израелската Мосад , да ја научат основната лекција, да не оставаат траги зад себе. Покажавте дека сте врвни аматери во секоја област, со нечиста совест и нездраво расудување.

Нелигитимна министерке, не ти се плашиме! Нема да ти дозволиме да го нарушуваш мирот на нашите деца. Нема да ти дозволиме да го загрозуваш животот на нашите деца! Ние не правиме криминал. Едно кафе не сум дозволила да ме почастат странките, како поранешен полициски службеник.

Ако утре или задутре се дрзнете да правите претрес во нашиот дом и притоа “најдете“ нешто, ние ќе знаеме дека е ваше. Но и јавноста ќе знае дека е ваше! Нема да ви поминат ефтините филмови кои ни ги подготвувате!!!

Бидејки ние, само ја кажуваме вистината за Македонија. Се бориме вистината да допре до сите граѓани во Македонија.

А ти, нелигитимна министерке, повторно ја злоупотребуваш државната институција – Министерство за внатрешни работи на Република Македонија. Вие, поранешни колеги, можеби денес сте нејзини извршители и слуги, но утре ќе бидете соизвршители во нејзините кривични дела! А, како што знаете, за тоа се одговара! На суд!

Јасмина Ангелова