МЕГА ЕКСПЕРТУТСКАТА ПИЦАЈЗЛА Боцевски признава дека со врски е напикан во кабинетот на Хорхе Валандовски : Личното пријателство со претседателот придонесе да станам советник и да лапам 500 евриња месечно!

0
1431

Новите советниците во кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ивица Боцевски и Флора Кадриу, ќе бидат задолжени за прашања поврзани со надворешната, односно внатрешната политика. Како што информираат од кабинетот, Боцевски и Кадриу биле ангажирани по пат на јавен оглас кој бил објавен на почетокот на месецов, а се очекува да бидат вработени уште тројца советници преку оглас кој ќе биде објавен наредниот период.

ivica bocevski

Претседателот има можност да вработи пет посебни советници во својот кабинет и има намера да го искористи полното право. Од таму не ни одговорија колкави се месечните примања на советниците, но според претходно објавени огласи, бруто платата за овие ангажмани изнесува над 30.000 денари.

Изборот на овие имиња во јавноста не помина незабележано, особено затоа што Боцевски често ја критикува опозицијата во јавност, додека има толерантен однос кон владеачките политики. За „А1он“ вели дека надворешната политика на претседателот треба да се одвива по истиот курс како и до сега, и дека во неговиот избор за советник значаен фактор било и личното пријателство со претседателот.

-Имајќи предвид која е мојата лична врска со претедателот, се разбира дека во секој случај ќе останев во контакт со него. Бев демонстратор на претседателот додека беше професор и го задржавме нашиот однос. Сум можел секогаш да дискутирам отворено со претседателот и приватно и јавно да го критикувам. Така ќе остане и во иднина. За мојата комептетност оценува претседателот, оценуваат домашните компании каде сум работел, моите ученици, моите професори од универзитетот „Кирил и Методиј“, моите професори од Питсбург. Со таа кометентност влегувам во кабинетот. Сакам да посочам и дека од мојата јавна кариера не произлегуваат никакви опашки, било морални или коруптивни – изјави тој.

Боцевски вели дека според него претседателот не треба да го смени фокусот на работа во надворешната политика и дека ќе го советува да останат исти векторите на делување.

-Првото е реализација на македонските стратешки цели, влез во НАТО и ЕУ. Потоа отворање на линии на комуникација со чинителите во глобалниот свет и афирмирање на Македонија како место за инвестиции. Ова се трите главни точки каде ја замислувам својата работа. Сметам дека кога претедателот на Република Македонија излегува со можност за еден јавен ангажман, тогаш тој треба да се прифати доколку соодветната личност одговара на личните ставови и личниот профил. Во Република Македонија нормално дека е предизвик да се излезе на црта и да се помогне во кроењето на политиката – додава тој.

Боцевски до 2009 година работеше како вицепремиер за европски прашања, по што поднесе неотповиклива оставка. Образложението беше дека се повлекува затоа што неговиот придонес во Владата бил целосно исцрпен. Од 2009 година тој работи како наставник во гимназијата „Нова“ и вели дека на тоа работно место очекува да се врати откако ќе заврши мандатот на претседателот. По ВМРО-ДПМНЕ, Боцевски стана член на ЛДП и се појави на листата за пратеници во 2011 година. Од тогаш често се појавува во вестите како политички аналитичар кој жестоко ја напаѓа опозицијата како неконструктивна.

За разлика од него, Флора Кадриу, која ќе биде задолжена за прашањата од внатрешна политика во кабинетот на претседателот, по вокација е актерка. Од 2006 до 2008 година беше пратеник во Собранието на ДПА, а од 2008 до 2011 пратеник на НД откако ја смени партијата. Во 2013 година се врати на актерството, а од минатата година беше назначена за член на Советот за безбедност на претседателот Иванов. На тоа од ДУИ реагираа дека Советот за безбедност е претворен во театарска претстава.

„Го потсетуваме г-дин Иванов дека безбедносната ситуација не е театарска претстава или телевизиски шоу за да именува нелегитимни и некомпетентни личности, а ниското удварање на Флора Кадриу во изборната кампања, покажа дека тоа беше за лични цели“, реагираа од ДУИ.

Извор: А1он