МЕГА БОМБА: Сашо Мијалков не е функционер, а добил дипломатски пасош како експерт неделава?!

0
1984

 

 

457761Mijalkov-diplomatski-pasos-ekspert

 

Братучедот на премиерот Груевски – Сашо Мијалков, си поднесе оставка од функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на 12 мај оваа година, на два дена после случувањата во Куманово, односно на пет дена пред масовниот анти-владин протест кој се организираше по многуте објавени опозициски „бомби“ од прислушкувани разговори во кои тој беше во една од главните улоги.

Од тогаш единствената функција која ја извршува Мијалков е таа на член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, Либертас дојде до фотокопија од дипломатски пасош кој му бил издаден на Мијалков пред три дена, во вторникот на 29 септември од страна на Министерството за надворешни работи. Пасошот е со важност до 28 септември 2020 година, а интересно е дека како функција на носителот на пасошот е наведено – ЕКСПЕРТ!

Не е познато за каков експерт се работи, а во продолжение ги објавуваме членовите 9 и 10 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија од кој јасно се гледа кој може да поседува дипломатски пасош:

Член 9

Дипломатскиот и службениот пасош се исправи кои се издаваат на носител на јавна функција, државен службеник и работник во државните органи, заради патување во странство и обезбедување на нивна заштита при извршување на службените задачи, во согласност со меѓународното право. Дипломатскиот и службениот пасош може да се користи само ако има виза. Дипломатскиот и службениот пасош се сопственост на Република Македонија.

Член 10

Дипломатски пасош им се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на државни службеници во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство; на државни службеници на Министерството за надворешни работи кои извршуваат дипломатско- конзуларни работи и задачи и имаат дипломатски статус; на воени претставници на Република Македонија во странство кои имаат дипломатски статус; на лица кои со одлука на Владата на Република Македонија заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации, како и на дипломатски курири. Дипломатски пасош може да им се издаде и на членовите на потесното семејство на лицата од ставот 1 на овој член, кога истите живеат со нив во заедничко домаќинство во странство во времето на дипломатската мисија.

Извор: Либертас