МЕГАГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: 11-ти протест на Шарената револуција – барикадите и лавовите нашарани со боја

0
1407

Денеска протест имаше само во Скопје, а низ останатите градови во Македонија се очекува протестите да продолжат од понеделник. Денеска имаше и меѓународни протести, во Виена, Австрија и во Лондон, Велика Британија.

Денешниот протест започна стандардно од пред Специјалното јавно обвинителство, а планот беше да се стигне пред Уставниот суд. Сепак, по краткиот марш по скопските улици, демонстрантите беа запрени од полициската барикада на мостот Гоце Делчев. Полицијата, како и многупати досега на протестите, не дозволи слободно движење и изразување протест, согласно Уставот.

Откако не беа пуштени кон Уставниот суд, дел од демонстрантите ги обоија лавовите на почетокот на мостот, а потоа се вратија назад кон Владата. Вечерашниот протест заврши побрзо од вообичаеното, а за тоа допринесе и дождот.

Во продолжение хронологија на денешниот ден.

 

CgvbQ65XEAEGT_h CgvdXCPXEAQwl7W Cgvdr6TW4AAZZZq CgveG95VEAEZUO7

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Демонстрантите тргнаа кон Уставниот суд

Демонстрантите кои се собраа на 11-от ден од протестите на Шарената револуција, тргнаа од пред СЈО на марш низ скопските улици во правец на мостот Гоце Делчев, а се очекува да стигнат до Уставниот суд.

CgveG95VEAEZUO7 Cgve1fHWkAAS8T4 Cgvfqp5W4AAlCKH CgvficNWsAEDAG9 CgvfOWqUYAAnMgn CgvfZDvUgAAfkhz Cgvgdo4UYAAPzDL CgvgymXUgAAN881

 

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Демонстрантите запрени кај мостот Гоце Делчев, полицијата не пушта да се оди кон Уставен

Демонстрантите кои се собраа на 11-от ден од протестите на Шарената револуција, тргнаа од пред СЈО на марш низ скопските улици во правец на мостот Гоце Делчев со намера да стигнат до Уставниот суд, но во тоа беа спречени од силно полициско обезбедување кое ги пречека на мостот.

CgvhwgoWsAE4182 Cgvhyh2WYAEjQR5 CgviKSZWIAEsdoT

CgviacfXEAE59C9 Cgvi1uIWMAEA4Z6 Cgvi2IJUkAEXR-e

ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција ги обои лавовите на мостот Гоце Делчев

Откако полицијата ги спречи да стигнат до Уставниот суд, дел од демонстрантите фрлаа боја по лавовите на мостот Гоце Делчев.

CgvjfwHWMAEQbhk1 Cgvi6EFWgAAzwIk CgvjFmuXEAEjmbf CgvjXDuWsAAqK6B CgvjjJUWYAAbHLF CgvjmSHW0AE7ZEc

CgvkSMDWMAAo0t5 CgvkEWaUcAAcbMJ CgvlpkwW0AEhDuQ CgvlpkwW0AEhDuQ (1)

ФОТО: Демонстранти им држат огледала на полицајците на мостот Гоце Делчев

Откако полицијата ги спречи да стигнат до Уставниот суд, дел од демонстрантите фрлаа боја по лавовите на мостот Гоце Делчев, а дел од нив, пак, им држеа огледала на полицајците.

CgvjZ7SWsAAnoFZ1

Фото : Мета/Твитер

ГАЛЕРИЈА: Протестот се пресели пред Владата, откако полицијата спречи пристап до Уставен

Откако полицијата ги спречи да стигнат до Уставниот суд, дел од демонстрантите фрлаа боја по лавовите на мостот Гоце Делчев, а дел од нив, пак, им држеа огледала на полицајците. По ова тие се префрлија на улицата пред Владата, која е во близина на мостот. Силно полициско обезбедување има и пред владата. На делот од владата кој беше обоен со боја, сега има скелиња за расчистување.

CgvlVvjXEAIgOSR CgvlaawUoAARXv8 CgvmkQFWkAAQQZj CgvmprAWIAAYydT CgvnBMmW4AALcQX Cgvnwu0WwAANRa2 CgvqcfiUgAEjxYBCgvpaP0WgAA81u-Cgvqd1SUYAACxaHCgvqhVAUYAIB0iwCgvqmEuUoAAVM7TCgvrlvRXEAE4MAwCgvr3NiVEAML00hCgvr83uWkAA8oCg

ВИДЕО: Пред Владата се пее „Затвор не ти бега, Никола!“

Од видеото во продолжение погледнете дел од атмосферата на вечерашниот протест на Шарената револуција кој моментално се наоѓа пред Владата. Таму се пее „Затвор не ти бега, Никола!“.

Видео – БИРН

 

ФОТО+ВИДЕО: И Австрија ја виде Шарената револуција, протест во Виена

Денеска и Австрија имаше можност да ја види Шарената револуција, стотина Македонци кои живеат и работат во Виена, излегоа на протест за поддршка на протестите кои со денови се одвиваат низ Македонија. Погледнете ги фотографиите и видеото кое беше испратено до Либертас.

13045403_10154151861558464_1966376151_n-670x361 13081831_10154151861538464_1786726989_n-670x503

Еве го повикот за денешниот протест во Виена:

Драги наши сограѓани и сограѓанки,

Патот што го зачекоривте по улиците на Скопје за враќање на партиски заробената држава во рацете на граѓаните е долг, но единствено праведен.
Ја делиме вашата јасна определба за враќање на слободата како прв предуслов за демократија и уривање на актуелно воспоставениот автократски систем на вледеење. За да се организираат кредибилни избори што понатаму треба да резултира со департизирање на институциите кои наместо на партиите, повторно ќе се вратат во служба на граѓаните, клучни се вашите барања и ние ги поддржуваме:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
Поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)
Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
Формирање на експертска (преодна) влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Улиците во Скопје кои секоја вечер се преполни со граѓани кои се одважија да си ја вратат слободата, се сила која веќе ниту една партија не може да ја игнорира. Оттука, преговори без да се вклучи граѓанскиот сектор се однапред осудени на неуспех.
Да живее Македонија! Да живее Шарената револуција!

ФОТО: И Лондон протестираше за Шарената револуција

Денеска стотина Македонци кои живеат и работат во Лондон излегоа за поддршка на протестите во Македонија кои започнаа по одлуките на Иванов за помилувања.

Протестот започна во Хајд парк, а од таму граѓаните стигнаа пред македонската амбасада каде предадоа протестно писмо.

13059686_10209444415122517_572304339_n-640x3201