МВР ќе поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за контра-протестот

0
987

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против две лица за спречување на јавен собир.

Кривичната пријава, како што соопшти МВР, се однесува на градоначалникот на Општина Карпош и претседател на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, и против претседателот на градската организација на партијата, Александар Трајановски, кои организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“ со што сториле кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“ казниво по чл.155 од КЗ на РМ.

Во соопштението се наведува дека платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“ на 14 март со писмен допис се обратиле до МВР и најавиле организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш за што била доставена и мапата на движење. Организаторот, како што соопшти МВР, очекувал присуство на околу 1000 граѓани и се обврзал дека ќе обезбеди редарска служба од најмалку педесетина редари.

– По дознавање на намерата за организирање на мирни и ненесили протести пред Уставниот Суд на РМ од страна на Платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. на 14.03.2016 година во вечерните часови одржале прес конференција на која што пред претставниците на медиумите во РМ најавиле организирање на протест пред платото на Уставниот суд на РМ со цел заштита на функционирањето на Уставниот суд на РМ. На 15.03.2016 второпријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до МВР на РМ-СВР-Скопје најавил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир, се вели во соопштението.

На 15 март во утринските часови, како што се наведува во соопштението, по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. започнало собирањето на граѓани пред платото на Уставниот суд и монтирањето на бина и тенди-чадори со што го зафатиле просторот на кој требало да се одржи претходно најавениот собир на „Ајде“.