МВР потврди: КОДОШОТ што снимаше на протестот е вработен во ЕБР, се истражува кој му издал наредба да кодоши!

0
1226

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР.

„Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со повеќе детали за целиот случај.

Граѓаните за време на вчерашниот протест забележаа лице без никаква легитимација како ги снима. Тие побараа тој да се легитимира и да открие за кого снима. Снимателот тогаш изјави дека снима за приватни цели и оти потоа снимките им ги продава на странските медиуми, како што се „„Би-би-си“ и „Ал Џезира“.

Единицата за брзо распоредување е под контрола на заменскиот министер Митко Чавков, кој неодамна во телевизиско интервју соопшти дека протестите се снимаат и оти снимките се користат за идентификување на лицата што нанесуваат материјална штета и за поднесување пријави против нив.

Синоќешниот протест на „Шарената револуција“ беше фокусиран против партизацијата на јавниот сервис и се заврши пред објектот на МРТВ, каде демонстрантите испишаа „Крај на програмата“ и ја обоија зградата на Македонското радио.