МВР НЕ САКА ДА ГО РЕШИ МОЈОТ СЛУЧАЈ ИЗГЛЕДА СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ЌЕ БИДАМ УБИЕН?!

0
1254

Вака да резимираме една недела од како брутално бев претепан пред кафулето на Магор карши Балет. Полицијата има видео снимка бистра како солза на која се снимени тројца од напаѓачите како ме чекаат и после бегаат со шипките во раце, имаат сведоци, имаат отисоци на флашата со која сум удрен, лоцирани се тепачите и го претпоставуваат нарачателот.

eko

Е па вака има сведоци кои тврдат дека се пет напаѓачи има сведок сопственикот на кафулето кој најверојатно по налог на МВР сведочи лажно дека не бил таму, а токму тој ме внесе во кафичот ми даде кока-кола а неговата келнерка повика Брза помош. Два пати ме викаат во МВР станица Пролет каде со мене си праат муабет дали и што знам и ништо ама баш ништо не преземаат. Одговорниот инспектор заминува на одишен одмор а овие курот не ги боли. Откако им предочив дека знам што знаат и што имаат како доказ тврдат дека ќе го решеле случајот, ајде бе.
Да се разбереме нема да се откажам ни под разно, немој да се обидувате да ја смените квалификацијата на тежината на делото за да ем криминалците бидат задоволени ем да покажат дека ги фатиле. Не нема да се откажам од ноември ќе има нов министер па ќе се постапува и за НЕПОСТАПУВАЊЕ ОД ВАША СТРАНА…Нема да давам имиња уште некој ден, Но доколу продолжат јавно ќе објавиме за што не постапувале.Јавно барам од странските амбасади и мисии, од СДСМ и целата опозиција да ме заштитат оти и ден денес сум следен 24 часа на ден од активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче и не само јас туку и моето семејство. Началниче ќе се видиме јас и ти лично…
Марјан Стаменковски, главен и одговорен уредник на порталот Доказ