- Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
ГЈ: Да.
НГ: Горде, здраво, како си?
ГЈ: Здраво. Добро, еве.
НГ: Не знам, веројатно си добро запознаена со писмото што ти е од Агенција за воздушна пловидба, во врска со Маја.
ГЈ: Го видов Претседателе. Што да Ви кажам!?
НГ: Јас се занимавам со тоа три дена. И еден куп саати и состаноци имам одложено да ја смирам и конечно вечерва…
ГЈ: Аха…
НГ: Ха, ха…постигната е…
ГЈ:…согласност постигнавте…
НГ: Ха, ха,…договор за мир. Ха, ха. Договор за мир е постигнат. Е сега има уште едно деталче што кај тебе ни е битно. Некако оргиналот од архива да го снема, кај тебе да биде.
ГЈ: Кај мене е во фиока оргиналот од архива.
НГ: Оргиналот…нема дупликат на оргиналот?
ГЈ: Јас да Ви кажам оргиналот тој што е со потпис, печат е кај мене. И го тргнав на страна, ни у архива да иде, ни никаде.
НГ: Аха.
ГЈ: Ама главниот проблем е што е пратено преку главна архива. И сега од главна архива дур стигне до кабинет, мислам тоа е процедура. Човек не може со 100% сигурност да каже дека некој не направил копија. Иначе оргиналот е кај мене.
НГ: У главна архива сега нема оргинал, така?
ГЈ: Не, не. Оргинал нема, кај мене е оргиналот. На биро…
НГ: Е сега вака, пошто начелно се согласија и двете страни…ти не знаеш како беше…едниот сака оваа да ја смени, она сака него да го смени. И не е свесна дека тоа на неа ќе и направи голем скандал.
ГЈ: Што да Ви кажам, ја…
НГ: И викам Маја ти и да го смениш-губиш. Губи и Ѓорѓи, губам и ја…
ГЈ: Да де да.
НГ: Он ќе искочи жртва, ти ќе искочиш диктатор. И што сме направиле?