МАШИНАТА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ НА ВМРО ДПМНЕ ПРЕГРЕА: Компанија со име „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ нема добиено лиценца од Министерството за здравство, така што информацијата објавена од опозицијата е целосна невистина!

0
1649
Во прилог Ви испраќаме реакција на Министерството за здравство од денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ:
Не се вистинити информациите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Компанија со име „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ нема добиено лиценца од Министерството за здравство, така што информацијата објавена од опозицијата е целосна невистина.
Во Министерството нема ниту поднесено барање од „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за почнување на постапка за добивање на лиценца.
Министерството упатува апел до политичките партии да се воздржат од пласирање лажни вести и невистини, како и од инволвирање на приватни субјекти и нивно етикетирање.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста,
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk