МАЦКО ХИЛТА, ЦРНИ МАЦКО, ЗАТВОРОТ ЦРНА СУДБИНА ЌЕ МУ БИДЕ : Опичил 40 000 евра, допрва ќе се копа да се види колку се омрсил!

0
1613

Кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „несовесно работење во службата“ добија М.Р. (46), поранешен градоначалник на општина Прилеп, Д.Р. (56), раководител на одделение за општи и заеднички работи при локалната самуправа Прилеп, К.Н. (49) вработен како домар и лице задолжено за прием и надзор над набавката, и А.Т. (42) секретар на општина Прилеп, информира МВР.

Ристески, според МВР, го оштетил Буџетот на општината за 41 илјада евра со набавка на над 66 илјади литри масло за двете години што е за четири пати повеќе од реалните потреби.

„ОЈО Прилеп, врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на набавката и трошењето на ЕЛ-1 маслото за греење за потребите на општината Прилеп, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС Прилеп изврши проверки при што е констатирано дека иако реалната потреба за набавка на екстра лесно ЕЛ 1 масло за греење на новата општинска зграда на општина Прилеп изнесувала најмногу 10.000 литри по грејна сезона, сепак во годините 2015 и 2016 проектирани се и набавувани поголеми количини од реално потребните. Така, во 2015 година од страна на општината исплатено е за 41.762 литри повеќе од реално потребните, а во 2016 година за 24.963 литри ЕЛ1 масло повеќе од реално потребните количини.

Односно исплатени се парични средства за вкупно 66.725 литри ЕЛ масло повеќе, без реално оправдување за таквата количина. Спротивно на одредбите од Законот за финансирање на локалната самоуправа и на Законот за извршување на буџетските средства, наменските средства кои требало да бидат искористени за тековно греење на општинската зграда биле проектирани на ниво далеку од реално потребното, при што пријавените, секој во рамките на своите надлежности во текот на 2015 и 2016 година, предизвикале штета на буџетот на општина Прилеп во вкупен износ од 2.556.666 денари“, се наведува во полицискиот билтен.