МАФИЈАТА, ТАЗЕ АБОЛИЦИРАНА, УШТЕ СИ КРАДЕ, СПИЧКАНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА: Дали е преценет тендерот за набавка на софтвер во „Водовод“?

0
1048

Скопски Водовод планира да потроши половина милион евра за нов софтвер за управување со финансиите во претпријатието. Ова е проценетата вредност во јавниот оглас за набавка на софтверот, објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки на 23 март, пишува „Фактор“.

Проценетата вредност на набавката е речиси 500.000 евра, а пазарните цени за слични софтверски решенија се значително пониски, велат извори од софтверската индустрија.

Според упатените во овој бизнис софтверско решение од овој „калибар“ не би требало да изнесува повеќе 100.000 илјади евра и тоа доколку се работи за комплетно нов производ, кој нема да биде доработка или превземен од постоечки систем.

Во Водовод веќе функционира софтвер кои без никакви проблеми си ја извршува својата функција.

Главната функција на т.н. софтвер за интеграција на систем за финансов менаџмент е тоа што автоматски ги изработува и ги печати сметките за секој корисник поединечно. Станува збор за решение кое денеска е широко застапено, особено во компаниите кои нудат услуги на голем број претплатници.

Фирмите кои сакаат да учествуваат на тендерот за изработка на софтверот мора да имаат испорачано најмалку едно слично решение за минимум 150.000 корисници во текот на последните три години. Исто така, во јавниот оглас како услов се посочени и годишниот приход на компанијата, кој мора да изнесува најмалу 20 милиони денари, како и бројката од минимум 15 вработени лица со високо образование од областа на информатичко – комуникациските технологии.

Целиот текст ОВДЕ