Мафијата дивее

0
1399

Ете почна и тоа, крвав пир на политичката мафија врз секој што им открива и објавува валканици и информации од нивното самоволие.

acokabranov

Јас, Марјан Стаменковски, претепаниот сопственик на Доказ, лично не го познавам, но тоа и не е важно. Сликите од него облеан во крв се сведоштво на едно безаконие, кое, убеден сум, го диктира мафијата која за жал ја води државата.

Ако се потврдат наводите дека тепачите се снимени од безбедносни камери во моментот кога буквално го газеле и мавале се метални шипки Стаменковски, а нема зошто да се сомневам, ете ги фактите дека почна и тоа. Се тврди дека тепачите се луѓе исклучително блиски до доскорешен висок функционер на власта, моќник за кого тие се спремни да убијат.

Епа драги мои, а пред се вие, домобраните на вождот, оние де, јас ги викам АЈС КРЕМ бранители, чинам дека е време да разберете дека не браните легална власт од клета опозиција и предавници, туку аздисани апаши кои спремни се и да убиваат секој што ќе им се испречи на патот, зошто да не, кога ве имаат вас како нивен браник.

Не ме чуди ни вчерашното објаснување  на инспекторот од полициската станица Беко на новинарката Биљана Секуловска, дека тепачот вицепремиер, Владо Пешевски, не планираат да го викнат да даде изјава оти, замислете, како министер ИМАЛ ИМУНИТЕТ и тие не смееле да го приведат, таков бил законот.

А не е законот таков, барем на хартија, во пракса ДА, ова е нивно време, НЕДОПИРЛИВИ се. Нема да ме зачуди ако Саше и за ова, иако натепан од вицепремиерот среде бел ден и се тоа снимено од камерите, МВР го обвини и му одреди парична казна нему, а не на Пешевски.

Со новинарот Сарма, замислете, полицајците решиле, Саше е виновен, предизвикал вербално инцидент и добил шлаканици. Аргументот зошто треба тепаниот уште и да плати 300 евра им се петмина сведоци кои наводно ги однел пуленот на власта, оној Сарма од Сител, дека Саше го пцуел и затоа му удрил ќотек.

И Саше како Стеменковски ќе се обиде да докаже дека не е така со снимки од безбедносни камери, дека ниту пцуел, ниту вреѓал, туку само довикнал „здраво Сител“.

Времињава, како власта на вождот попушта по сите штрафови, чинам, станува повеќе од насилна. Не ме чуди во деновите што се пред нас, да се случат недај боже, уште пострашни работи, на кои мета ќе бидат вработени во медиуми кои не му се по мерак на ПАСТИРОТ.

Но се си има жртви, снимките од чалмата на Саше и оваа најновата со Стаменковски облеан во крв, не треба да не уплашат… Напротив, наша обврска е јавно да ги демаскираме злоделата на разузданиве апаши, колку и тоа да чини. Слободата на тацна никој не ти ја сервира, особено оваа, актуелнава по сите норми, мафијашка власт, разбира се, заштитена и од полицијата, која поголемиот дел од нив дејствува како нивна приватна ПАРАВОЈСКА.

Ацо Кабранов