Масовна тепачка и бркотница на Рузвелтова близу СЈО вечерва, има и повредени

0
1668

Тепачка и бркотница со ножеви се случила вечерва на улицата „Рузвелтова“ во Карпош 1, непознати лица го нарушиле јавниот ред и мир, дознава НетПрес.

Повеќе лица попладнево го нарушиле јавниот ред и мир на улицата „Рузвелтова“ во угостителски објект, по што тројца повредени завршиле во Клинички центар и тие се обезбедени до расчистување на случајот, потврди МВР.

Според пријавеното настанала физичка пресметка помеѓу две лица од една страна и две од друга, а најверојатно е употребен и нож.

Неофицијално, НетПрес дознава дека еден од повредените е Албин К.