Масовен протест на Шарента револуција во среда во 19 часот пред СЈО!

0
1008

Шарената ревоуција најави нов протест во среда, во 19 часот пред СЈО:

-Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија.
Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори кои се борат за демократизација на Република Македонија.

Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее.

Затоа, протестираме против овој режим!
Протестираме за да има правда!
Протестираме за одбрана на СЈО!
Протестираме во среда, 6 јули, 19 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство! – стои во најавата на настанот.