МАРЈАН НЕНОВ ОД ЛЕВИЦА: Професорке Сиљановска, како само ви успева да се опкружите со сиот олош во државата?!?!

0
3227

Од сите опции кои ги имам за избориве за една сум сигурен – нема да гласам за онаа за која Апасиев ќе даде поддршка.

Госпоѓо Сиљановска конечно ви успеа – го собравте сето ѓубре околу вас.

Зарем мислевте дека сме толку глупи и наивни да не лажете дека сте независни?

Зарем мислите дека не знаеме дека остатоците од она што беше Левица се чисто ДПМНЕ?

Зарем мислите дека не ви се гледаат жиците со кои ве команда Хидро Мицко чиви пак жици се протегаат во Будимпешта?

Зарем мислите дека ќе ви простиме за омаложувањето на шарените?

Ние излеговме на улици да се бориме против еден таков како вас и немаме намера фикусот со кактус да го замениме.

Госпоѓо Сиљановка ќе ве издржиме уште некој ден и после ќе се вратиме таму од каде ДПМНЕ ве ископаа – во заборавот!

Фејсбук статус на Марјан Ненов.