Марин Бабиќ распали по Жугиќ : Кој ти е мотивот да пукаш по ќерките мои, зетовците? Кој ти е мотивот да пукаш по твоите колеги?

0
2767

Отворено писмо до Јелена Жугиќ
Драга Екице,
Драга моја колешке Екице, дали си свесна каква небулоза, каква ненормална изјава си дала или си напишала статус. Не сум го видел но читам коментари каде твоето име е многу често спомнувано денеска и тоа ме тера да верувам дека е така.
Колешке, заедно поминавме баајчки години во Драмски. Игравме заедно во многу представи. Сме поминале часови , денови и ноќи во бифето на Драмски разговарајки за уметноста, за тековните проби, за представите. Ти беше таа која со гушкање ме дочекуваше в театар. Ти беше таа со која споделував многу нешта, и позитивни и негативни.


Екоце драга, зар е можно од твоја уста да излегле такви гнасотии?! Зарем е можно ти да си таа што повикува на крв, на линч?!
Зошто Еко? Кој е мотивот што те тера да имаш желба да пукаш во мене? Кој ти е мотивот да пукаш во мојот внук? Кој ти е мотивот да пукаш по ќерките мои, зетовците? Кој ти е мотивот да пукаш по твоите колеги? А верувај ми многу не има распослани по Шарените булевари скопски.
Дали во некој момент ти паднало на памет дека повикуваш на линч на неистомисленици со тебе? Дали ти текнало дека твојот изместен ум те вратил во некоја 1934-та година кога Хитлер јунген и неговите човечки кучиња ништеа се што не е со нив.


Е па Јелено Жугиќ, да ти кажам дека не само дека не сум против тебе туку се срамам од тебе. Од глумица, пардон, ти си АКТЕРКА се претвори во партиско послушниче.
Дали знаеш дека ти си една од трите персони заради кои го напуштив Драмски и не цапнав повеќе во него? Дали знаеш, а ако незнаеш прашај го Љутков тој ќе ти потврди, дека одбив да се појавам на иста сцена на која поминав 40 години на која и ти се појавуваш.
А ако ти е ова само за да докажеш колку си им лојална и да останеш директорка на театарот твој, свака ти част.


И на крај по црногорски ќе те прашам: А ЏЕ ЧЕТИ ДУША ЈАДО ЈЕДНА СТИД ТЕ БИЛО, НЕ РОДИЛА СЕ ДА БОГ ДА.

Фејсбук статус на Марин Бабиќ