Мариглен Демири вели дека е НЕВИН

0
1307

Членот на партијата која не е партија уствари е движење но кое сепак е непартиска партија Левица Мариглен Демири денеска го слушна обвинението против него со кое се товари дека учествувал во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Демири на денешното рочиште се изјасни дека не се чувствува виновен, а државата од него бара отштета од 8.500 евра.

Адвокатот Сашо Дуковски го оспори вештачењето и рече дека е направено на незаконски начин. Судењето се одложи за 14 март.