Манчевски им порача на ракометарите : Политиката надвор од спортот

0
1021

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, им порача на ракометарите од македонската репрезентација да ја тргнат политиката надвор од спортот, откако дел од нив ја прокоментираа уставната промена на името.

„Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби“, напиша министерот на Твитер.

Damjan Manchevski

✔@d_manchevski

Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби.

141 people are talking about this
Коментарот на Манчевски следи откако репрезентативците Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, секој на свој начин, со статус или гестикулација, ги искажаа своите ставови за промената на името.
Додека се интонираше македонската химна на вчерашниот натпревар со Бахреин, Ристоски гестикулираше со дланката симбол кој означува „обединета Македонија“.
Стојанче Стоилов, пак, во петокот напиша на Фејсбук:

„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!! Срам да ни е на сите…. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!“

Двајцата ракометари објавија и видео како ја пеат познатата песна „Бисер балкански“ од соблекувалните заедно со останатите членови на националниот тим.