Малку грозна симболика за премиерот во заминување, нели?

0
1254

Да ви се заблагодарам најтопло на сите вам, познати и непознати Фб пријатели, кои ми ја дадовте вашата поддршка, телефонски броеви, совети, информации, застанавте на моја страна…

Убаво е кога знам дека толку многу луѓе помислиле на мене, седнале, напишале нешто убаво, едноставно издвоиле време, а притоа само ме знаат виртуелно и им се допаѓа она што го пишувам. Тоа мене ми значи.

Јас не успеав на сите повратно да ви одговорам, но до вечер-сигурно.

Ова не беше хорор случка само за еден несреќен коњ, кој беше полужив во училишен двор во Ѓорче Петров и имаше шанса да биде излечен, но монструмите, блиски до партијата на власт, решија да го докрајчат и притоа да се силат со закани кон мене и кoн луѓе oд “Анимa Мунди”, затоа што кажав она што никогаш нема да излезе во владините медиуми. Ова е прикаска за еден мртов коњ, пронајден измачуван во дворот на училиштето, каде учел Груевски како мал.

Малку грозна симболика за премиерот во заминување, нели ?

Моите пријатели во животов се поуплашени од мене, бидејќи во земјава не функционира ни полиција, ни правна држава.

Јас не сум, но ќе се шетам вооружена, се до конечен пад на монструмите.

Им благодарам на моите колеги-новинари, особено портали, за нивната грижа. Ние новинарите секоја закана ја сфаќаме сериозно, особено од багра, врзана за владеачката гарнитура, на која и’ се бројат деновите и е како ранет лав.

Јас нема да живеам во параноја, она што Груевски девет години го всадува како нова ДНК структура кај мнозинството, за да владее вечно. (смешка!). Напротив ќе ја побарам поддршката и заштита од лидерите на опозицијата-СДСМ и помалите партии кои се во тој блок. Бива Зоран Заев? Стојанче веќе застана на моја страна, го чекам Ивон Величковски,  мој колега од факултет, Андреј Жерновски ( кој малку ќе се помисли, ама знам дека ме сака) и сите други опозициски албански, турски, српски, ромски, влашки партии.

Чашата е прелиена!

Да не се напаѓаме, да се обединиме и заедно да го уриваме Груевски !!

До конечен пад-заедно !!

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци