Максим Димитриевски поднесе оставка во Советот на Куманово, станува пратеник

0
1769

Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски, поднесе оставка на местото прв човек на Советот на општина Куманово. Димитриевски е избран за пратеник и мора да ја напушти советничката функција.

„Огромна чест и задоволство ми беше да ги претставувам граѓаните на Куманово и да работам со вас во изминатите 4 години. Со некои луѓе во Советот влегов како пријател, а излегувам како другар. Оддавам признание на советниците од позицијата и опозицијата, како и на градоначалникот за конструктивната работа во изминатиот период“, пишува во својата оставка Димитриевски.

Се очекува за нов претседател на Советот да биде предложан Александар Арсиќ, досегашен координатор на советничката група на СДСМ.