Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за поплавените

0
1215

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за семејствата од поплавените подрачја кои како последица на силното невреме претрпеа големи материјални и емотивни штети.

Средствата ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на општина Гази Баба, отворена за оваа намена и ќе се искористат исклучиво за реконструкција на нивните домови.

Вработените во Македонски Телеком истовремено организираат донаторска акција за помош во соработка со Црвен Крст за собирање на најнеопходните средства и ќе помагаат на терен во санирање на штетите во настраданите подрачја.