Македонскиот и Европски гигант ,,Алкалоид” доби награда и потстрек од финансиска помош од државата за нови инвестиции

0
892

Алкалоид“ АД Скопје за првпат доби финансиска помош од државата. Премиерот Заев истакна дека е потпишано договор со оваа компанија за финансиска поддршка за нов инвестициски проект на компанијата во времетраење од пет години и кон крајот на изминатата година на компанијата по овој основ и беа исплатени финансиски средства во висина од 35.292.916 денари.

– АД Алкалоид Скопје претставува врвен македонски бренд во фармацевтската индустрија по кој нашата земја е позната во светски рамки преку производство и продажба на фармацевтски, хемиски, козметички производи и производи од билно потекло. Компанијата има повеќе од 2.000 вработени и просечната нето плата по вработен во Алкалоид изнесува над 44.600 денари или над 700 евра, што е за секоја пофалба и е во насока на владиниот апел до компаниите за исплата на повисоки плати за вработените, рече Заев.

Премиерот додаде дека измината година компанијата реализирала 212 нови вработувања и инвестиции од над 17 милиони евра.