Македонска православна црква Лондон : Боки 13-ка и неговиот татко го претепаа попот пред сопругата и трите дечиња!!!

0
10192

Откако на својот фејсбук профил Боки 13-ка објави статус поврзан со напад кон него од страна на свештеното лице Виктор Стојчев кој живее и е во богослужбата на македонската црква во Лондон до нашата редакција се огласија и дел од лицата кои се во богослужбата на македонската црква во Лондон.

Тие до нас испратија допис во кој велат дека случајот со Боки 13-ка е веќе пријавен во МВР а во исто време се очекува надлежните согласно закон и устав да го решат случајот во најскоро можен рок. Имено Виктор Стојчев важи за државјанин на Велика Британија па најверојатно овој случај се очекува да отиде и на многу повисоки инстанци се до негова целосна правна и институционална разрешница.

Во тој контекст поврзан со овој настан до нашиот медиум пристигна анонимно писмо од читател и воедно близок до свештеното лице Виктор Стојчев каде што тврди дека тој е уствари жртвата додека од друга страна Боки 13-ка ја манипулирал јавноста а тој и неговиот татко го нападнале попот пред неговата сопруга и неговите три деца и со тоа се нанело огромна штета врз угледот на свештеното лице како и нанесени тешки телесни повреди. Во прилог ви го доставуваме дописот до нас без никакви интервенции во него :

Би сакала да ве контактирам во врска со случајот околу наводниот напад кон Боки 13-ка од страна на свештеното лице Виктор Стојчев и да укажам на фактот дека тоа е тотална измислица на Боки бидејќи во моментот случајот е пријавен во МВР а воедно и свештеното лице е веќе на домашно лекување со телесни повреди врз телото како и нога во гипс

15942201_10210422750459250_1607602734_n

Колата на Боки 13-ка била паркирана пред гаражата па кога попот му рекол да ја тргне колата за да може да влезе дома попот случајно го нарекол Боки 13-ка девојче бидејќи овој бил облечен со бунда и штикли па попот не го знае тоа затоа што никогаш не го видел Боки 13-ка нити пак следел медиуми. Па откако попот го нарекол девојче Боки 13-ка збеснал, па потоа татко му на Боки 13-ка излегол и почнале да го тепаат попот како и вербални навреди исто. Бидејќи статусот на Боки 13-ка објавен на вашиот портал ,,Народен Глас” е апсолутно неточен, пред да пишувате вакви работи ве молиме убаво да се информирате, сега попот е со скршена нога а на Боки 13-ка не му фали ни влакно на главата. Виктор е респектирана личност а јас лично го познавам како човек кој е заслужен за формирање на црковната општина  во Лондон од која јас сум дел од неа. Земете ве молам и извештај од МВР или слично ќе ви го потврдат тоа на секој можен начин.

Во меѓувреме го пренесуваме и статусот објавен на фан страната на македонската црква во Лондон :

Соопштение за верниците на МПЦО Св.Архангел Михаил – Лондон и Св Ѓорѓи Победоносец – Литлхамптон.
Почитувани
На празникот Рождество Христово – Божиќ, кога од оправдани причини нашиот свештеник беше оневозможен да биде со сите нас, се случи брутален физички напад врз семејството на нашиот почитуван свештеник. Заштитувајќи ги сопствените деца и сопруга беше нападнат од разбеснета група и притоа му се нанесени тешки телесни повреди и скршеници.
Од проследените докази и изјавите на очевидците како и на надлежните полициски и медицински лица ние црковниот одбор од на МПЦО Св Архангел Михаил го осудуваме овој нецивилизирани и вандалски напад на нашиот свештеник и ја даваме нашата целосна поддршка нему и неговото прекрасно семејство.
Апелираме до надлежните органи во Р.Македонија во најкраток можен рок да ги превземат сите мерки за да се казнат сторителите на овој гнасен чин.
Повикуваме на смирение и воздржаност од секакви конфронтации со поддржувачите на силеџиите како и на целосна лојалност кон нашиот свештеник и мајката Македонска православна Црква.
Црковниот одбор и другите здруженија на македонците во Обединетото Кралство ќе ги известат надлежните во Foreign Office и полицијата во Лондон за нападот врз отец Виктор кој е Британски граѓанин со што ќе бараме да влијаат на целосно расветлување на случајот и заштита на неговите човекови права.
Го повикуваме синодот на МПЦ да се огласи со соопштение и да го заштити својот клирик од грозоморните и тенденциозни изјави по социјалните мрежи и медиумите со кои се оправдуваат нападите на свештенството.
Конечно веруваме дека и надлежниот митрополит на Европска Епархија ќе даде соопштение и духовно го поддржи своето духовно чедо.
Отец Виктор, нека Бог биде со вас и вашето семејство и со сите нас во овие тешки моменти и нека ни даде сила и истрајност. Вие сте голем човек и сите членови од црковната општина ви посакуваат што поскоро опоравување.
Црковните одбори:
Св. Архангел Михаил и сите Свети Ангели- Лондон
и
Св. Ѓоргија Победоносец – Литлхамптон

15873279_1296691310390055_1981512376246356886_n