Меѓу 2006 и 2009 година на Митко Чавков, на име патни трошоци и остварени прекувремени работни часови, неосновано му биле исплатени близу 30 илјади евра заради што против него во октомври 2013 е поднесена кривична пријава, пренесува „Актуелно.мк“.
Пријавата, според информации од Основното јавно обвинителство, е заради постоење основано сомневање дека Чавков сторил две кривични дела, измама и злоупотреба на службена положба и овластување.
Митко Чавков, се наведува во пријавата, во 2006 година, веднаш по неговото именување за началник на Одделот за организиран криминал, до Министерството за внатрешни работи доставил барање за нерешено станбено прашање во Скопје на кое барање му било позитивно одговорено и му бил исплаќан надомест за сместување во стан на улицата „Ленинова“ во Скопје.
Целиот текст ОВДЕ