МАКЕДОНИЈА Е ШОКИРАНА од КУРТОНОТ Марко Зврлевски : Сваровски судиите на Бате Саше ги ослободи убијците на Заев и Села со условна казна!

0
2845

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април добија условни казни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во вршење службена должност.

Најголема казна Судот му изрече на Димче Христовски наречен Жабата кој доби 5 години условна казна, во кои не смее да го повтори делото инаку му се активира затворска казна од 1 година и 6 месеци.

Останатите осуммина добија условни казни од 1 година во која не смеат да го повторат делото, инаку им се активира затворска казна од 6 месеци.

Како што рече судијката Милка Ангеловска – Васевска  кога ја соопштуваше пресудата, тие биле обвинети за рушење на заштитната ограда на Собранието, потоа на влезот од зградата се туркале со полицијата, а откако успеале да влезат во Законодавниот дом се упатиле кон прес- центарот, каде употребиле клоци и тупаници кон лицата од обезбедувањето со цел да пристапат во просторијата.

Од оштетените 21 полицаец, само мал дел се изјаснија и во нивно име обвинетите да се гонат кривично и побараа отштета.

Судот воедно со пресудата го укина и притворот на осудените на кои претходно им беше изречена таква мерка.

На прашањето дали се свесни што сториле, адвокатот на обвинетите рече дека се свесни и дека се каат.

Сите деветмина претходно на рочиштето ја  признаа вината за, како што ги товари Обвинителството “учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”.