10.2 C
Prilep
Thursday, April 18, 2024
Home Македонија МАКЕДОНИЈА ДВА ДЕНА ЗАБЕЗЕКНАТА: 19 милиони евра од уплатите за пензии се...

МАКЕДОНИЈА ДВА ДЕНА ЗАБЕЗЕКНАТА: 19 милиони евра од уплатите за пензии се краделе во време на министрите Спирo Ристовски, Диме Спасов и директорите на ДУИ!!!

0
1415

Скопското јавно обвинителство за случувањата во ПИОМ се информираше од медиумите. Очекуваме Министерството за труд и социјална политика да достави релевантна документација, како што најави, за да ги провериме по службена должност тие наоди“, изјави за СДК јавниот обвинител на Скопје Сашо Рајчев.

За 10 години, во Фондот за пензиско е направена дупка од речиси 500 милиони евра како последица на, како што велат од министерството, погрешни политики на претходната Влада и ад хок покачувања на пензии надвор од законската рамка, која предвидува усогласување на пензиите со трошоците за живот двапати годишно. Дупката од 500 милиони евра се покрива со средства од буџетот. За време на владеењето на поранешниот премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски, неколку пати линеарно беа зголемувани пензиите, последен пат пред парламентарните избори во декември 2016 година, кога пензиите беа покачени за 670 денари, откако претходно во мирување беше ставено редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот.

Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Имено, темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12. 000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12. 000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

Министерството за труд и политика ја исправа неправдата која претходната власт им ја нанела на овие луѓе и им ги враќа парите на граѓаните. За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари.

Лошите и неодговорни политики на претходната власт доведоа до покачување на дефицитот на ПИОМ од 15 милијарди денари. Со цел да се намали овој дефицит Министерството за труд и социјална политика изготви пакет мерки кои стапија на сила од 1 јануари 2019 година. Преку нив се менува структурата на двостолбниот пензиски систем. Целта на МТСП е да обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, и тоа без зголемување на старосната граница или замрзнување на пензиите.