МАКЕДОНИЈА ВО ШОК ПО ИЗЈАВАТА НА ОБВИНЕТ ЗА 27-МИ АПРИЛ: Хорхе испратил воена полиција на Групчин, луѓе од ДБК донеле камион полн со калашникови и го паркирале пред собрание!!!

0
2302

Шокантна исповест во суд денеска на Стефан Младеновски, обвинет за тероризам за 27-ми април!

Тој се потсети дека таму бил и Дејан Димковски Боксер, вработен во УБК.

-Боксер ни кажа да не се грижиме дека тој ги искршил камерите. Ни кажа и дека во 22 часот претседателот ќе прогласел воена состојба и дека веќе воена полиција била поставена на местото Групчин, кај Гостивар-Тетово. Боксер ни кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кое работело кај претседателот, истакна Младеновски.

Тој додаде дека набрзо до нив стигнала информација дека се спремала група вооружени Албанци.

-Тогаш Нинџа отиде да се види со Никола Бошковски-Прскачот. Наводно бил дојден со возило кај Градската болница во кое имало оружје, автоматско и полуавтоматско. Го прашав Нинџа што ќе се случи кога ќе дојдат вооружените Албанци и тој рече, дека и тука има луѓе кои знаат да пукаат, рече Младеновски.