МАКЕДОНИЈА ВО ШОК ОД НОВИТЕ БОМБИ – Протогер: Дај му на Кире податоци за цигани, мигани, све живо, денес до 3 саат да завршите со исплата, купени се веќе пола!

0
2557

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО, под кодно име “Титаник” со репродукција на бомбите. Во разговор од 1 јуни 2011 година разговараат ексминистерот Миле Јанакиески со Мартин Протоѓер.

Протоѓер на 4 дена пред парламентарните избори во 2011 година, на Јанакиески му вели: “Дај му на Кире податоци за цигани, мигани, све живо. Денеска до 3 да завршите работа со исплата со се. Купени се вишe пола”.

Во друг разговор, обвинетата Катерина Веловска на Миле Јанакиески му вели дека работи интензивно во кол-центарот: “Вртиме на списоците што ги собираше ти. Само на одговорните вртиме, на никој друг”.

Во следен разговор соговорник го прашува Миле Јанакиески на денот на изборите 5 јуни 2011 година, дали почнале да ги читаат од СДСМ на глас во избирачките одбори: “Почнаа ли да ги читаат овие од СДСМ на глас?” Миле раскажува дека станал рано во 6.50 и бил по избирачките места.

Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за фуинансирање изборна кампања во 2012 година.