МАКЕДОНИЈА ВО ШОК: МИТКО ЧАВКОВ СО БАНДА ЕКС НАЧАЛНИЦИ ТЕПАЛ ЧОВЕК ВО КАФАНА ВО СТРУМИЦА ЗАТОА ШТО САКАЛ ДА ГО СЛИКА!!!

1
1620
Либертас од висок функционер во МВР доби потврда дека едно лице од Струмица и двајца од Штип биле нападнати во кафеана од лица кои биле во друштво на Митко Чавков.

Тепаниот Ванчо Спасов во МВР приложил и медицинска белешка за повредите и нагласил дека по тешањето му се заканиле да не пријавува бидејќи ќе биде полошо за него.

Според информации кои ги пренесе порталот СДК пријавителот на настанот, според исказот во полиција, бил физички нападнат од четири лица со удари по грбот. По ќотекот му ги свиткале рацете и го легнале на земја. Потоа насилно му го зеле мобилниот телефон. Тогаш лицето Митко Чавков го прашал истепаниот зошто го слика и тој, четворицата напаѓачи и уште 2 непознати лица кои не го удирале пријавителот, си заминале од угостителскиот објект со три автомобили.

-Натепаниот како напаѓачи ги посочил: Г.Б. , инспектор во СВР Струмица, В.Н., В.Е. (едниот од нив поранешен началник на СВР Струмица, другиот поранешно обезбедување на Чавков), и уште три лица. Случајот допрва ќе го расчистува МВР, дополнително и во однос на вмешаноста во настанот на нивни колеги. Оттаму не кажуваат каков статус има во овој настан обвинетиот ексдиректор во МВР Митко Чавков – пишува порталот.

1 COMMENT

  1. […] 0 453      Либертас од висок функционер во МВР доби потврда дека едно лице од Струмица и двајца од Штип биле нападнати во кафеана од лица кои биле во друштво на Митко Чавков. […]

Comments are closed.