ЛУДИЛО – СТАРОВО ЈА ШОКИРАЛО ЦЕЛА КАНАДА : НАСМЕАНО И ВЕДРО НО СЕРИСКИ УБИЕЦ КОЈ ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРАЛА СО ГОДИНИ

0
1547

Канадската јавност е шокирана бидејќи 67-годишниот Брус Макартур, симпатичен и мирен градинар од Торонто, признал дека убил осум мажи, во главно жители на таканареченото геј-село.

Жртвите ги убивал во период меѓу 2010-та и 2017-та година, а сите биле поврзани со ЛГБТ групите. Имаат одредена поврзаност со ЛГБТ групите, а некои биле мигранти од југот на Азија и Блискиот исток.

Макартур бил уапсен минатиот јануари поради убиство на двајца мажи, а како што напредувала истрагата, се воспоставило дека тој убил 8 лица. Полицајците му ја пребарале куќата и пронашле големи црни пластични кеси, хируршки ракавици, црна гума за врзување и шприц. Тоа само ги дополнило доказите.

Ова била една од најголемите истраги во историјата на канадската полиција и се водела низ цел Торонто. Инспекторите пребарувале неколку куќи и имоти за кои имале било какви врски со серискиот убиец, а од архивите биле извлечени и повторно претресени и стари нерешени случаи.

Така го виделе името на Макартур на обвинение за напад во геј-селото во 2001-ва година, кога со метална шипка претепал еден човек. Две години подоцна ја признал вината за тој напад, а полицијата му земала ДНК примерот и му забранила да се доближува до тоа предградие.

Неговото име повторно испливало во случај со исчезнувањето на мигрантот Скандараџ Наваранам. Макартур наводно бил во врска со него. Три месеци подоцна исчезнал и Абдулбашир Фаизи, а во ноември 2012-та и Авганистанецот Маџид Кајхан.

Полицијата сметала дека тие случаи се поврзани и го започнала таканаречениот проект “Хјустон” – широка истрага. Набрзо откриле дека некои од исчезнатите мажи се убиени, но никогаш не пронашле цврсти докази за тоа. Меѓу испрашаните бил и Макартур, но никогаш не бил официјално осомничен.

Во Август 2015-та исчезнал Соруш Махмуди, а истата година полицијата го пронашла телото на Кирушанкумар Канагарнтем, имигрант од Шри Ланка. Една година подоцна полицијата го повикала Макартур на разговор бидејќи еден човек го обвинил дека се обидел да го задави, но градинарот бил пуштен на слобода.

Во следните две години исчезнале уште три лица – Дин Лизовик, Селим Есен и Ендру Кинсмен. Се воспоставило дека Макартур бил во сексуална врска со Кинсмен.

Тоа веќе биле премногу случиа во кои се споменува името на Макартур. Полицијата отворила интензивна истрага, а во геј-селото настанува паника. Многумина се иселиле. Полицијата брзо го затворила кругот околу Макартур и го надгледувала 24 часа.

Во јануари минатата година виделе како едно момче влегува во куќата на Макартур. Тоа им било сомнително, па упаднале внатре и имале што да видат. Момчето лежело свесно, но неповредено. Макартур конечно бил уапсен.

View image on Twitter

View image on Twitter

Парчињата од телата на неговите жртви ги пронаоѓале во градините каде што работел. Тој ги убивал, касапел и закопувал каде што никој нема да ги бара. Сите жртви ги фотографирал, а нивниот накит го чувал како спомен на убиствата.

Следното сослушување почнува на 4-ти февруари, а ќе сведочат пријатели и роднини на убиените.