ЛУДИЛОТО НЕМА КРАЈ – ВМРО-ДПМНЕ со закани до Јеремиќ и до српските медиуми : Ќе ви го пратиме и вас Ќосето да ве ТЕПА, КОЛИ И БЕСИ!!!

0
2976

,,Јавното обвинителство е слуга на Зоран Заев и хунтата на власт. Објавување на отворената предистражна постапка „по допрен глас“ за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е подеднаква за сите, туку партиско политички прогон нарачан од Заев и неговата хунта“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев пред неколку месеци најави дека функционери од власта се предмет на истрага, но јавноста уште нема информација кој му ги соопштил тие сознанија на Заев, а органите на прогон кријат за кои случаи станува збор.

Странски државјанин излезе со јавно обвинување дека в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија го рекетирал „Јадран филм“, но постапка околу овој случај не беше покрената по јавно допрен глас. По јавно допрен глас не беше покрената ниту постапка за бројните сведочења за изборното насилство и сите закани кои беа упатувани кон гласачите. Не беше покрената постапка кога насилници влегуваа со пиштоли или кога отворено се говореше дека криминалци под команда на СДС делат поткуп низ државата. Не беше јавно соопштено ниту дали се отвора предистражна постапка за криминалот на Заеви со „Цареви кули“ или криминалот поврзан со „Тритерол“.

ВМРО-ДПМНЕ очекува што е можно побргу Јавното обвинителство да излезе со информација за оваа предистражна постапка што политички ја отвора и наводите да ги соопшти во јавноста за да може потоа соодветно да се процесуира случајот и против Вук Јеремиќ и против сите медиуми блиски до СДС кои ја злоупотребуваат оваа изјава заради нарушување на честа и угледот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.