БРАТУЧЕДИТЕ Грујо и Бате Саше со години ги прислушувале и новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Горан Михајловски

0
1267

Истрагата „Таргет“ што денеска ја презентираше Специјалното јавно обвинителство открива дека освен политичари и бизнисмени, осомничените лица од УБК незаконски прислушувале и новинари. За пример, обвинителката Ленче Ристоска ги посочи новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Горан Михајловски.

Борјан Јовановски на едниот број бил следен од 3.12.2010 до 10.1.2012, а на вториот број од 25.12.2012 до 10.3.2015. Новинарката Мери Јордановска била прислушувана од 15.2.2014 до 10.3.2015, а новинарот Горан Михајловски од 1.2.2013 до 10.3.2015.

Преку системите за следење незаконски била снимена комнукацијата на најмалку 4.276 броеви без судски наредби за следење. 1.541 броеви биле следени откако завршила судската наредба или пред да почне. Според доказите, првоосомничениот кој бил на раководна позиција во УБК, пристапувал кон слушање на броевите кои биле и на негови блиски соработници, како и на новинари, политичари и бизнисмени.