Лудата Татјана Лазаровска што побара ,,Нобелова награда” за терористот од Нов Зеланд ќе добие шут карта од АРМ

0
1036

Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно да ѝ прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, велат за Плусинфо од АРМ, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.

Од АРМ веќе информираа дека Лазаровска е вработена во АРМ и дека согласно законските регулативи и надлежности е почната постапка за утврдување одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки.

Од АРМ велат дека ќе биде формирана дисциплинска Комисија на која ќе ѝ биде предложено Лазаровска да одговара за дисциплински престап, како потешка повреда на воената дисциплина, односно потешка повреда на угледот на службата или угледот на воениот и цивилниот персонал.