(ВИДЕО) ЛОПУЖИ СО ТАПИЈА, ЈА ЕБАВТЕ ЗЛАТНА ДРЖАВА МАФИЈО ЕДНА БЕ АЛООО : Се крчка нова влада, техничката се уште реализира тендери

0
1891
todorov_izjava_dogovor-610x400Нов голем циклус на набавка на нова и најсовремена опрема за јавните здравствени установи, најави Никола Тодоров, информира 24 Вести.
Тендерот за набавка на тетовската болница е распишан но останува нејасно кој ја соопшти одлуката дали министерот или пратеникот Тодоров?
Тенедерите под палка на техничката влада продолжуваат. За експертите постапката е легална, но не е легитимна затоа што се тура од позиција на двојни улоги. Во време кога се чека формирање на нова влада најавите за нови проекти се чист политички предизборен маректинг смета Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“.
„Имаме лице кое што е пратеник и кое сега обавува функција која што е неспојива со пратеничката функција. И покрај тоа, лицето сега презема дејствија како дел од извршната власт и промовира одредени проекти“ – вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“.
Тодоров не отстапува од функцијата министер иако пратеничкиот мандат му е верификуван. Најавува нови тендер,  паралелно турка и избор на изведувач на новиот клинички во Скопје, проект кој го следат низа на контроверзии.
„Максимум до тој рок што е предвиден од банката да се заврши евалуацијата по што би можеле да го склучиме договорот и да ја почнеме најголемата капитална инвестиција во македонското здравство“ – изјави Никола Тодоров, Министер за здравство.
Дека пратеничката функција и министерската е неспоива предупреди и универзитетскиот професот Борче Давидковски.
„Од 30. декември бидејќи им е верификуван мандатот, се избрани за пратеници во парламентот. Тие пратеници имаат исклучива инкомпатибилност односно неспојивост на пратеничката функција со носител на извршна власт, односно на извршна функција. Спрема тоа, тие не можат воопшто да бидат ниту премиер, ниту министер“ – изјави Борче Давитковски, универзитетски проефесор.
Четворката Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Поповски и Елизабета Канческа Милевска на последните избори добија мандат за пратеници, но на терен не се откажуваат од министерската улога. Сепак, експертите не спорат само со тендерите во нивнте ресори, туку за исти покрупни проекти.