Локвенец: Од УБК баравме податоци за опремата, ама не ни ги дадоа!

0
1663

Без податоци со каква опрема располага УБК, немавме можност за суштинска контрола врз тамошните технички капацитети, вели претседателот на Комисијата за надзор над работата на УБК, Хари Локвенец.

Како е можно Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) да немала никаков увид и сознанија што се случува со опремата во МВР? Ова е прашањето што се поставува од јавноста и безбедносни експерти, откако вчера Специјалното обвинителство во рамките на истрагата за предметот „Тврдина“ соопшти дека има основани сомневања дека во првата половина на 2015 година биле уништени два системи за следење на комуникации во сопственост на МВР.

„Со право се поставува тоа прашање“, вели Хари Локвенец, претседател на Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР. Оваа собраниска Комисија, која има осум членови и исто толку заменици, има обврска да ја контролира работата на УБК и АР од аспект на почитување на правата и слободите на граѓаните, законитоста во работењето, пречекорувањето на овластувањата и други злоупотреби, но и обврска за контрола врз нивната материјална, кадровска и техничка опременост. Зошто Комисијата немала увид во техничката опременост на УБК?

„Ова прашање Комисијата го отвори на првата седница одржана есента минатата година“, објаснува Локвенец.

„Побаравме УБК да ни достави список на опремата затекната во 2006 година, на опремата набавена во меѓувреме, на расходуваната опрема, како и податоци за севкупната опрема која во моментот функционира во УБК. Побаравме да ни бидат доставени и сите технички карактеристики за опремата и упатството за нејзина употреба, дадено од производителот. Тоа ни беше потребно како елементарен минимум, за да се подготвиме за контрола во УБК. Но, од таму добивме само еден смешен документ кој не содржеше ништо од тоа што го побаравме“, вели Локвенец.

Анализата на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја ОВДЕ