Лице од Идризово по директива на ВМРО-ДПМНЕ лажно пријавил дека во Сообрание има бомба

0
1607

Анонимната пријава дека во републичкото Собрание има поставено бомба била лажна, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Антитерористичката единица на МВР извршила проверки во внатрешноста и надворешноста на зградата и не била пронајдена никаква експлозивна направа.

Непознато машко лице синоќа во 23.02 часот во полиција, на телефонскиот број 192, пријавило дека во зградата на Собранието има поставено бомба. Утврдено било дека лицето се јавило од говорницата во затворот Идризово, но неговиот идентитет се уште не е утврден.

Повикот следува откако викендов граѓанин се закани дека со две ракети ќе ја нападне зградата на Владата.