Лицемерство

0
1555

Прославата на Нова Година по плоштадите на сите светски метрополи не е само трошок, настан и традиција што се одржува.

Таа е и еден вид социјална помош за сите оние што за дочекот немаат пари да отпатуваат некаде,да прославуваат во хотел и кои не сакаат во такви моменти да останат сами дома пред телевизорот. Тој вид прослави се обид за дружење и зближување на граѓаните без оглед на нивната етничка,религиозна или политичка припадност.

Има сиромашни и во Лондон и во Париз и во Њујорк но таму нема да се откажуваат прославите на плоштадите големите огномети а одново низ светот ќе се емитуваат снимките од тие места во највеселата ноќ. Во таа ноќ преку таквите снимки од плоштдот во Скопје и Македонија се чуствуваше дел од светот.

Откажувањето на дочекот на Нова Година на плоштадот во Скопје може да биде знак само на две нешта.

Или на некого не му е веќе до прослава или сакаме да дадеме уште еден прилог во процесот на целосната изолација на Македонија од светските збиднувања и настани.

Фесјбук статус на професор Ѓорги Спасов