ЛИХВАРИТЕ НА ГРУЈЧЕ И ВМРО-ДПМНЕ ВО КАВАДАРЦИ СО ДРЖАВНИТЕ ЗЕМЈИШТА ПРАВАТ ОПШТ ПИЧВАЈЗ : МИТКО ЈАНЧЕВ КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВМРО-ДПМНЕ, СО ПОМОШ НА ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЉУПЧО ДИМОВСКИ НА СВОЈАТА СЕСТРА И ОБЕЗБЕДИЛ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ОД 11 ХЕКТАРИ ВО СОПОТ И ПАЛИКУРА!!!

0
6519

Олигархот Митко Јанчев, човекот на Груевски и Мијалков во Кавадарци, најпрво ја обезбедил својата сестра Јанинка Чупаркоска со државно земјоделско земјиште од 11 хектари во Сопот и Паликура, добиено на 30 години концесија од Министерството за Земјоделие.

Добро упатени извори од Кавадарци велат дека ова е само почетокот т.е. еден многу мал дел од она што го прави овој мафијашки поттрчко како што се се милионски договори, тендери и концесии, кои ги добивал олигархот Јанчев од власта на ВМРО-ДПМНЕ, на кои сега им враќа за услугата. Наскоро граѓаните на Кавадарци ќе го дознаат вистинското лице на овој олигарх и тајкун кој се богател на сметка на граѓаните на Кавадарци.

Ова е воедно и биографија на кандидатот за градоначалник на Мијалков и Груевски за Кавадарци.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Од доаѓањето на чело на локалната самоуправа на Александар Панов – ОВЦАТА почнува неговиот подем и раст на неговата фирма и на неговите најблиски, а со тоа влегува и активно во партијата ВМРО- ДПМНЕ.

Нема тендер од страна на локалната самоуправа во кој тој не е замешан. Овозможува целокупна логистичка, техничка и финансиска подршка на ВМРО- ДПМНЕ како во Кавадарци така и на ниво на цела Македонија.

Митко Јанчев располага со подпросечна интелигенција, низок степен на комуникацииски вештини, сомнително стекнато образование и постоење на стравот од губењето на неговата политичка и финансиска моќ.