Лидерска ќе има, но со присуство на амбасадорите Бејли и Орав

0
1043

Доцна вечерва, сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба утре, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав. Претходно медиумите најавија лидерска средба утре во Скопје на која би присуствувале Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.

(Средбата ќе биде во 14:30 часот во Клубот на пратеници).

liderska-540x282

За ваква средба опозицискиот лидер рече дека нема што да бара на неа, доколу на средбата не бидат присутни меѓунарни претставници. Образложението му било дека искуството му покажало дека пред се Груевски вакви средби ги искористува за пуштање неточни содржини за што е договарано или разговарано преку неговите медиуми.

За да има средба утре, сепак, според дипломатски извори, врз Заев попладнево притискале амбасадорите на САД, Бејли и на ЕУ, Орав со ветување дека лидерската средба ќе биде со нивно присуство.

Од СДСМ велат дека нивниот лидер ќе повтори дека остануваат на барањето за оставка на владата на Груевски и формирање преодна влада на која разбирливо не би бил тој.

За СДСМ останува ставот дека оставките на Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски, се уште еден маневар на премиерот да остане на власт со таква “отстапка“. За опозицијата тоа не е прифатливо, туку проблемот за кризата ја гледаат и натаму директно во премиерот Груевски и како што велат неговото диктаторско владеење.

Опозицијата во недела на 17 ќе го започне зедно со многу невладини здруженија големиот собир „Граѓаните за Македонија“ и најверојатно истиот би траел се додека Груевски не прифати да си замине од премиерскиот кабинет.

Загрижени од обидот на Груевски и неговата партија на граѓаните што со денови му бараат оставка, да се брани со контрапротест на 18-ти, странските амбасадори во земјава прават напори преку лидерска средба да ги смират тензиите.

Синоќешните серија оставки на клучни министри и луѓе од исклучителна доверба на Груевски, го олабавил за момент притисокот од странците и го префрлил делумно на опозицискиот лидер, за да покажел дека е некооперативен и исклучив во барањата.

Опозицијата неофицијално, доколку се реализира утрешната лидерска средба, на Груевски ќе му предочи да престане со прогонот врз учесници на протестот за Мартин Нешковски на 5-ти месецов пред владата. Овие протести, завршија со насилство, повредени демонстранти и полицајци, но и многумина уапсени и ставени во притвор учесници на протестот.

Повикувањето на распит во полицијата на учесници на протестите детектирани преку видео снимки се спроведувал и во текот на вчерашното попладне.
Студентскиот пленум пред два дена се изјасни дека за нив владата на Груевски е нелегитимна и дека ги прекинуваат преговорите со МОН.

Тие најавија свое учество на мирниот протест Граѓаните за Македонија најавен дека ќе отпочне попладне на 17-ти месецов во 14 часот.