Лидерот на Беса побара од граѓаните да гласаат за нови и некорумпирани политичари

0
1063

Коалицијата Преродба со Беса на митингот одржан во Неготино, Полошко побара од граѓаните да го дадат својот глас за нивната коалиција, во која, како што истакнаа од партијата, нема корумпирани политичари и која ќе се залага за редефинирање на државата, со што ќе се гарантира еднаквост на сите граѓани во сите сегменти од општественото живеење.

Претседателот на Беса Биљал Касами порача дека граѓаните еднаш засекогаш треба да гласаат за нови политичари, кои нема да мислат за својот, туку за интересот на народот и на државата.

Денеска рековме дека граѓаните треба да гласаат за редефинирање на оваа држава, редефинирање кое во никоја случај нема да значи федерелизација на државата, или некаква поделба на Македонија, туку редефинирање кое е во интерес на сите граѓани на Република Македонија, граѓани кои се автохтони и кои својата иднина ја гледаат во Македонија.
Редефинирање на економскиот систем, кој ќе креира благосостојба на сите граѓани, а не само на една група луѓе, редефинирање на државниот систем кој не треба и нема да биде партизиран, нема да биде во служба на само една фамилија, редефинирање на фискалниост систем, кој ќе биде во служба на една реална децентрализација.
Редефинирање на здравствениот систем, редефинирање на образовниот систем, а не институциите да бидат партиски штабови – истакна Касами.

Утре коалицијата Преродба со Беса, ќе одржи Митинг во Куманово.