ЛИДЕМ бара итна деполитизација на младинското организирање

0
904

Непотизмот, партиските влијанија и недемократскиот процес на бирање на претставник во РИКО – Регионалната канцеларија за младинска соработка, ни дава за право да го искажеме нашето незадоволство од ваквиот начин на работа на Агенцијата, велат младите либералдемократи.

„Агенцијата за млади и спорт не смее да дозволи политизирање на младинските политики во државата, затоа што младите се авангардата и носителите на слободната мисла во нашето општество. Токму поради таквиот однос на власта, сведоци сме на масовно иселување и одлив на млади мозоци од Македонија во светот.
Либерално демократската младина се залага за фер и еднакво учество на сите млади во процесите на донесување младински политики. Целиме кон демократско општество ослободено од стегите на партискиот фаворизам, каде што младите непоспоредно ќе учествуваат во изборот на свои преставници во тела и одбори како и младински преставник во регионалната кацеларија, кој се избира од Агенција за млади и спорт“, велат од ЛИДЕМ.

Од таму предлагаат Агенцијата за млади и спорт да дозволи младите да го повторат процесот на бирање на регионален преставник, со што, велат, повторно ќе ја врати веќе одамна изгубената доверба кај младите во Македонија.