ЛЕПЛИВОТО И ДОЛГО РАЧЕ НА ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МАРЈАН РИСТЕСКИ ПОЧНА ДА ЛЕПИ И ПО ФОНТАНИ И МОНТАНИ : СРУШЕНАТА ФОНТАНА ВО ПРИЛЕП СТАНА ИЗВОР НА ДОКАЗИ ЗА КРИМИНАЛ

0
1608

Фонтаната во центарот на Прилеп, која до скоро се наоѓаше на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, најавена како донација од KFB банката, скоро рушена затоа што, како што рече, Бранко Нешкоски директорот на ЈП за ПУП „ја нарушувала визурата на Градскиот саат“, сеуште претставува предмет на интерес на прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски, поради сомнение за прекршување на законите и сторен криминал.

fontana_proekt_opstinski_sajt

Поимот „Визура“ во речникот на Македонскиот јазик подразбира „Замислена линија што поаѓа од окото на набљудувачот и оди низ дурбин право до предметот на посматрањето„, што значи дека според Градскиот Архитект Бранко Нешкоски, фонтаната висока едвај два метри ја нарушуваше визурата на Градскиот саат, па смисли попаметно идејно решение на тоа место да се изгради спомен обележје на Крал Марко во висина од 8,70 м согласно одлуката за подигање на овој споменик.

Ете токму ова неинтелигентно образложение на Директорот на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови (ЈП за ПУП) Бранко Нешкоски, ме поттикна а уставот ми даде за право како жител на Општина Прилеп согласно начелата на транспарентност и отчетност да си прашам каде отидоа и на каков начин тие 50.000,00 евра за изградба на фонтаната за кои Градоначалникот Марјан Ристески преку официјална страна на Локалната Самоуправа, најави дека се донација на KFW банката. И еве драги сограѓани преку прилози само оценете како без пардон се врши криминал од страна на Градоначалникот Марјан Ристески и надлежните од Локалната самоуправа и Советот на Општина Прилеп – вели адвокатот Жарко Стеваноски.

Имено, ако се земе за точен фактот дека објавата на официјалната страна на Локалната самоуправа Прилеп дека изградбата на фонтаната на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“, е донација на KFW банката во висина од 50.000,00 евра, тогаш зошто воопшто не постои договор за донацијата, согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, не постои одлука на Советот на Општина Прилеп, отсуствува цела една постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки, непознат е изведувачот на градежните зафати, надзорот, и не постои финансиска документација за исплата на реализираниот проект.

baranje_za_pristap_do_info_12

baranje_za_pristap_do_info_22

 

Првата адреса на која адвокатот Стеваноски побарал одговори на повеќето прашања била локалната самоуправа. Согласно прокламираните принципи за отчетност и транспарентност во работењето, и постапувајќи според законот за пристап до слободните информации, на прашањата од Стеваноски Општината го испратила одговорот кој можете да го видите во оригинал.

odgovor_od_opstina

Поради добро познатиот факт во Прилеп дека фонтаната е во сопственост на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп и дека е донација на германската KFW банка, побарани се и одговори од јавното претпријатие со намера да се разгатнат причините за нејзиното рушење, како и за тоа колку пари чинела нејзината изградба?

Одговорот на Генералниот директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Сашко Николоски вели дека фонтаната не се водела ниту како основно средство, ниту пак како опрема во сопственост на јавното претпријатие, поради што не можат да одговорат колку средства биле потрошени за изградба на истата. Кратко кажано за фонтаната на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ не постои ама баш ништо.

vodovod_odgovor

Во предходна изјава дадена за порталот РеволуционерМК, поранешниот директор на ЈКП Водовод и Канализација, во чие време се градеше фонтаната, вели:

Фонтаната е дел од проектот за реконструкција на водоводната мрежа во Прилеп, поточно компонентата за институционално зајакнување на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп во делот на PR (public relations) сегментот. Таа беше финансирана од донацијата, поточно од делот за институционално зајакнување на јавното претпријатие и чинеше 10.000 евра. За тоа во ЈКП „Водовод и канализација“ нема финансиска документација, бидејќи целокупната финансиска конструкција беше затворена со гореспоменатата компонента.

Ниту холандскиот консултант не дал пари за фонтаната што може да се прочита од маилот на финансискиот консултант „CVC Cees Vulto Consulting“ испратен до новинарот на РеволуционерМК Зоран Милошески. Сопственик на фирмата чие седиште се наоѓа во Утрехт, Холандија, е Cees Vulto, кој демантираше дека неговата фирма донирала средства за изградба на фонтаната.

odgovor_kfb_banka

Затоа за Градоначалникот Марјан Ристески, Претседателе на Совет на Општина Прилеп Никола Димески, Директорот на ЈП за ПУП Бранко Нешкоски, и за останатите пожртвувани патриоти кои замижале на погоре наведеното, а кои биле должни да алармираат, постојат следните законски одредби од Кривичниот законик кои сеуште Ви висат на глава за стореното. Кривичното дело „Злосторничко здружување“ од чл. 394 ст.1 од КЗ на РМ „Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една до пет години“ – рече адвокатот Жарко Стеваноски.

Кривичното дело „ Злоуотреба на службената положба и овластување„ од чл. 353 ст.1 од КЗ на РМ „Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години“, согласно ст.5 од истиот член „Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години“. Согласно чл.107 ст.1 т.3 од КЗ на РМ „Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат: десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над пет години“.

Ако согласно закон, секој од нас е должен да пријави кривично дело за кое гонењето се превзема по службена должност, тогаш сите Вие погоре наведени да знаете дека јас ќе си ја извршам својата законска должност и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје ќе поднесам соодветна кривична пријава за погоре наведените кривични дела, па Вие слободно објаснете му на органите на прогонот дека сето погоре наведено и не е баш така. Ревизија на сработеното доправа ќе следува, одговорност за украденото доправа ќе се бара, неправдата мора да се поправи и штетата да се плати. Сакале Вие или не ние доаѓаме, по нашето украдено вчера и по своето подобро утре. – вели адвокатот Стеваноски.

baranje_2_13

baranje_2_23

baranje_2_33

 

Извор : 10без10