Ленче Николовска именувана за посебен советник на премиерот

0
1642

Ленче Николовска, во јавноста позната како новинар, но и пратеник, е именувана за Посебен советник за земјоделство шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РМ. Николовска со години се занимава со прашања од сферата на земјоделството, но и решавање на проблемите на земјоделците.

Ленче Николовска е дипломиран земјоделски инженер. Била новинар во МТВ и А1 телевизија, уредник на емисијата ФАРМЕР. Пратеник и Претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумартсво и водостопанство. Претседател на Агросоветот на СДСМ. Последната функција која што ја извршуваше беше советник во кабинетот на Дополнителниот заменик министер во техничката влада.

Од денеска таа ќе го советува Премиерот Зоран Заев за прашања од областа на земјоделството, шумарството и водостопанството.