„Ленка“: Масовно колабирање на дестици работнички во фирма во Велес на температура од 52 степени

0
1147

Движењето за социјална правда – „Ленка“ на својата Фејсбук страница објави за неверојатен хорор и ужас во фирмата за медицинска пластика „Ронтис“ во Велес.

lenka-logo1

„Од инсајдерски и проверени информации „Ленка“ дознава дека во текот на вчерашниот ден (вторник) имало масовно агонично колабирање на повеќе дестици жени – работнички во оваа компанија. Поради неработење на разладниот уред во дел од погоните, температурата достигнала неверојатни 52 степени. Една по една работничките паѓале(колабирале), или се жалеле на сериозни здравствени нарушувања по што ургентната помош имала полни раце работа.

Од денес (среда) овој погон е затворен и работничките се пратени на принуден одмор од страна на менаџерите додека не се создадат минимум хумани и човечки услови за живот(работа).

Особено тешка е ситуацијата со една работничка која од понеделникот е во потешка здравствена состојба“, пишува „Ленка“ на Фејсбук.